Теодосиќ подобар од Димитријевиќ: Хувентут има шанси за Ф4

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот тим Хувентут вечерва беа поразени на гостувањето кај Виртус Болоња со 80-75 во рамки на првиот чевртфинален натпревар во Еврокупот. 

Нашиот репрезентативец реализираше шест поени, а имаше и три асистенции за 18 минути игра. Чаби Лопез-Аростеги беше најдобар во таборот на шпанскиот тим со 20 поени. Болоња ја предводеше поранешната НБА-ѕвезда Марко Белинели со 24 поени, додека еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња Милош Теодосиќ реализираше 11 поени и 10 асистенции.

Реваншот ќе биде за три дена во Бадалона по што ќе се знае патникот на завршниот турнир во Келн, Германија.