
Србинот Теодосиќ збесна, па тргна да го тепа судијата од Словенија (ВИДЕО)
Србинот протестираше кај еден од судиите за една од претходните спорни ситуации, за помалку неочекувано еден од останатите двајца делители на правдата му досуди техничка грешка. Тоа беше Словенецот Дамир Јавор, кој долги години му суди и на МЗТ Скопје во регионалното натпреварување и кој важи за еден од најконтроверзните „луѓе во црно“ на овие простори. Неговата одлука го разбесни Теодосиќ, кој дури и малку го турна Јавор, по што овој го исклучи.
За среќа, останатите кошаркари на Виртус спречија посериозен инцидент од српскиот бек, кому за оваа случка му се заканува и дополнителна суспензија од Евролигата.