Скандал: Барселона остави свој кошаркар на аеродром зашто преговарал со Реал Мадрид! (ВИДЕО)

По мечот меѓу Анадолу Ефес и Барселона, гостите во Истанбул го оставија својот кошаркар Томас Ертел. Според „Еурохупс“, каталонскиот гигант му забранил на нивниот кошаркар да се качи во авионот и да тргне во Шпанија затоа што преговарал со Реал Мадрид.

Францускиот плејмејкер требаше да се пресели во Фенербахче, меѓутоа тој наводно зад грб преговарал со големиот ривал на Барселона, па Каталонците му се налутија поради неговиот потег.

Каталонците сакаа да му го исплатат договорот и да го испратат во Фенербахче, а за возврат да го добијат Лео Вестерман, но тоа нема да се случи.

Французинот остана во Истанбул по мечот во Евролигата, додека семејството му е во Шпанија и поради ковид-19 нема да му биде дозволено да патува до Барселона.