Синот на Лесор не можеше да престане да плаче по тешката повреда на својот татко (ВИДЕО)

Грчкиот гигант Панатинаикос синоќа лесно ја совлада Басконија (104-69) во меч од Евролигата, но триумфот беше засенет од сериозната повреда на Матијас Лесор, кој, според првичните проценки, ја заврши сезоната.

Моментот кога американскиот центар се повреди предизвика шок и тишина во салата во Атина, но најемотивниот момент беше реакцијата на неговиот мал син, Метсон. Камерите го снимија како лежи на подот во солзи, видливо потресен од случувањата на теренот. Сцената стана вирална на социјалните мрежи, каде се појави видео на кое Метсон е утешен од соиграчот на неговиот татко, Ернангомез.

По натпреварот, Лесор сподели фотографија со својот син од амбулантното возило, пренесувајќи силна порака за враќање по несреќната повреда.

„Тоа што не те убива, те прави посилен! Ви благодарам на сите за пораките и молитвите, ве сакам сите! Ќе се вратам посилен од било кога,“ напиша Лесор, охрабрувајќи ги навивачите и соиграчите.