Барса би можела да биде домаќин на меч од ЛШ во Мадрид или Валенсија

Денешното издание на „Марка“ пишува дека Барселона во осмото коло од Лигата на шампионите би можела да биде домаќин на „Ванда Метрополитано“ или „Местаља“.

Во тој период стадионот „Монжуик“ се предвидува дека ќе биде затворен поради работа на него, а „Камп Ноу“ уште не е подготвен.

Како можни дестинации за Барса се споменуваат стадионот на Атлетико Мадрид „Ванда Метрполитано“ и на Валенсија „Местаља“.