Суперкупот на Германија ќе носи име на фудбалска легенда

Германскиот Суперкуп од следната година ќе го носи името на Франц Бекенбауер, а информацијата ја соопшти Германската фудбалска лига.

Бекенбауер почина на 7 јануари оваа година и е еден од најдобрите германски фудбалери во историјата.

„На Франц сигурно ќе му се допадне оваа идеја“, кажа неговата сопруга.