МКК Куманово ја одржува најдолгата победничка серија во Првата лига
Тоа е петти триумф по ред за кумановскиот прволигаш кој ја има најдолгата победничката серија во Првата лига во моментов и втора најдолга во сезоната, по онаа на ТФТ кој во воведните шест кола имаше исто толку победи. Во зависност од развојот на настаните во ова коло, може да стигне дури и до топ-4. Од друга страна, Вардар останува единствен тим без победа во Првата лига оваа сезона и така ја завршува првата половина од натпреварувањето.
Денешниот натпревар беше решен уште по првото полувреме кое МКК Куманово го доби со 52-27. Драматика немаше воопшто бидејќи домаќинот отвори со 11-2, подоцна водеше со 19-4, а на стартот од вториот период беше 30-11. Од минута во минута се зголемуваше предноста на МКК Куманово и по 20 минути игра веќе слободно можеше да се прогласи за победник на овој меч, па второто полувреме остана само формалност.
Радукиќ со 26 поени беше најефикасен играч на мечот, Луковиќ постигна 25, а Тадиќ оствари дабл дабл со 12 поени и 12 скока. Капитенот Бајрам повторно заврши како најефикасен во екипата на Вардар.