Зијеш се разочара: Тренерот е катастрофа, ќе заминам од Галатасарај!
Зијеш потпиша едногодишен договор со турскиот гигант, со опција да ја продолжи соработката на уште една сезона, но во последните месеци падна во втор план.
Искусниот фудбалер одигра само 320 минути на 11 настапи и притоа запиша една асистенција, а сега го нападна тренерот на клубот Окан Бурук.
„Галатасарај е завршена приказна. Повеќе не сакам да играм тука. Никогаш не сум видел полош тренер, сакам да ме остават на мир. Жалам што дојдов тука“, кажа Зијеш.
Зијеш во кариерата играше за неколку екипи во Холандија, по што во 2020 година се пресели во Челси.