Жирона по пауза од еден месец конечно победи во Ла Лига

Фудбалерите на Жирона конечно триумфираа во Ла Лига по пауза од еден месец, а нивна жртва беше Ваљадолид (3-0).

Домаќинот постигна два гола во првото полувреме преку Лопез и Руиз, додека победата ја потврди Данџума во 81. минута од средбата.

Жирона има 25 бодови на осмата позиција во Ла Лига, додека Ваљадолид е претпоследен со само 12 поени.