Двајца играчи му се вратија на Пеп, но остана без Диаш

Променливи вести за Пеп Гвардиола во пресрет на мечот против Астон Вила во Премиерлигата, двајца фудбалери се враќаат од повреди, но нов оди во аут.

Рубен Диаш ќе биде надвор од теренот 3-4 недели, потврди Пеп Гвардиола.

„Тој почувствува нешто на мечот против Манчестер јунајтед, 75 минути играше со болка, сега е во аут“, рече Пеп.

Во составот се враќаат Мануел Аканџи и Џон Стоунс.