Познати полуфиналните парови во англискиот Лига Куп

Тотнем вчера славеше со 4-3 против Манчестер јунајтед во Лига Купот на Англија, по што беше одржана ждрепката за полуфиналните дуели.

Во полуфиналето на натпреварувањето ќе се соочат Арсенал и Њукасл, односно Тотнем и Ливерпул.

Првите натпревари меѓу тимовите се закажани за 6 јануари, додека реваншите ќе се играат на 3 февруари.