Полјаците уапсиле руски хокеар зашто шпиунирал за – Путин!
Тој шпионирал стратешки локации поврзани со полската и НАТО инфраструктура, вклучувајќи фабрика за воена опрема. Сергејев пристигнал во Полска пред повеќе од три години, со цел да изгради кариера како професионален хокеар на мраз. Играјќи за клубот ОКС Заглембие Сосновјец во втората јуниорска лига, тој не успеал да се наметне во сениорскиот состав, па во 2023 година, за да го поддржи својот престој, започнал да работи како доставувач на храна.
Во меѓувреме бил регрутиран преку платформата Телеграм од руски разузнавач. Потоа започнал да објавува проруски политички содржини на социјалните мрежи, додека примал уплати во криптовалути за своите активности. Неговата мисија ескалирала кога станал дел од група од 16 луѓе, организирана од Русија, со цел да саботира транспорт на оружје и хуманитарна помош за Украина. За оваа задача, групата требала да добие 10 илјади евра.
Сергејев, кој беше уапсен во јуни 2023 година, се изјасни за виновен, а по отслужување на казната ќе биде депортиран во Русија. Во моментов се наоѓа во затворот во Лублин.