Убав гест: Ракитиќ им даде подароци на соиграчите од Хајдук и замина на одмор!

Хајдук во недела на гостински терен кај Шибеник го игра последниот меч за 2024 година, а на тој меч нема да настапи Иван Ракитиќ поради акумулирани три жолти картони.

36-годишниот фудбалер вообичаено тренираше во текот на неделата, а потоа клубот му дозволи порано да замине на одмор затоа што нема да биде дел од неделниот натпревар.

По последниот тренинг Ракитиќ ги почестил соиграчите со кафе и колачи и им поделил пакетчиња. Во секое пакетче имало парфем, нараквица и маица.

Фудбалерите на Хајдук по мечот против Шибеник ќе имаат неколкудневен одмор за божиќните празници.