Шпанците вратија правило укинато пред 40 години за да ја - забрзаат играта (ВИДЕО)

Од следната сезона во АЦБ-лигата на сила се враќа старо правило укинато пред скоро четири децении, а тоа е кошаркарите да може да изведат аут од свјата половина без да мора судиите да ја допрат топката со објаснување дека тоа ќе ја забрза играта.

Проценката е дека со ова ќе се овозможи повеќе контранапади и брзи атрактивни поени, секако на радост на публиката. Дека се во право покажа и неодамнешниот Суперкуп помеѓу Барселона и Реал Мадрид на кое беше видено ситуација каква што сакаа да овозможат Шпанците.

 

 

Егзекутор беше новакот меѓу Каталонците, Никола Калиниќ, кој казни грешка на мадриѓани по која негов соиграч експресно го изведе аутот и му овозможи да се најде сам под противничкиот кош.