Шампионот Басконија се засили со Гиедраитис

Басконија стана шампион на Шпанија, откако во финалето беше подобра од Барселона, а денеска го потврди новото засилување, кое пристигнува од Литванија.

Рокас Гиедраитис е нов кошаркар на шампионот, кој треба да остане во Басконија во следните три години.

Гиедраитис минатата сезона во Евролигата постигнуваше во просек по 13,8 поени.