Реал Мадрид соопшти нови детали за нивниот тренер кој доживеа срцев удар (ФОТО)

Цел кошаркарски свет беше во шок откако Реал Мадрид соопшти дека нивниот тренер Пабло Ласо доживеал срцев удар, по што завршил во болница, а сега шпанскиот тим објави нови детали.

„Кралевите“ соопштија дека 54-годишниот тренер ја напуштил интензивната нега и сега е префрлен во неговата соба, каде што состојбата ќе му ја следат кардиолози.

Шпанскиот тренер нема да може да го предводи Реал Мадрид во полуфиналето на АЦБ-лигата поради неговата здравствена состојба.