Реал Мадрид го освои кошаркарскиот Суперкуп по продолженија против Барса

Кошаркарите на Реал Мадрид означија победнички старт на сезоната, освојувајќи го шпанскиот Суперкуп и тоа во драматичен меч со Барселона.

„Кралевите“ славеа со 89-83, но дури откако одиграа едно продолжение, бидејќи основниот дел од мечот заврши 71-71. Барселона подобро го почна натпреварот, во втората четвртина се одлепи и на двоцифрена предност за кратко, пред да замине на голем одмор со 37-29.

Во третата четвртина имаше и +12, но Реал имаше неверојатен финиш, со серија од 15-0, за да го сврти мечот дури и да поведе. Последната четвртина почна со 55-49 за актуелниот шампион, но Барселона се врати и се избори за продолжение, па дури и во него борбата беше неизвесна до последните мигови.

Таварес беше прогласен за МВП со 24 поени и 12 скока, Муса постигна 19, а најефикасен кај Барса беше Санли со 21. Ова е седми пехар за Реал во Суперкупот, Каталонците имаат пет.