Познати се екипите кои ќе играат следната сезона во Евролигата

Евролигата денеска официјално ја поништи сезоната затоа што смета дека нема доволно безбедни услови за натпреварување, по што беше објавен списокот на екипи кои ќе се натпреваруваат следната сезона.

Во списокот на екипи кои ќе играат во Евролигата во следната сезона, која ќе почне на 1 октомври, нема ниаккви промени, односно таму остануваат Црвена Звезда, Алба, Ефес, Милано, ЦСКА, Барселона, Баерн, Фенербахче, Химки, Басконија, Авел, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Валенсија, Жалгирис и Зенит.

„Без сомнеж, ова е најтешката одлука која моравме да ја донесеме во својата 20-годишна историја. Поради причини кои се надвор од наша контрола, мора да го прекинеме првенството“, кажа првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу.