Потрес во француската кошарка - на Монако му се заканува банкрот

Кошаркарскиот првак на Франција, Монако би можел да се најде во големи проблеми откако газдата на клубот Алексеј Федоришчев по судската пресуда остана без 41 милион евра.

Средствата му се одземени, а тој би можел да заврши уште полошо бидејќи се наоѓа под уште една истрага, за измама и давање мито на државни службеници и обвинет е за измама од 60 милиони евра. На Федоришчев му е конфискуван и имот, па рускиот богаташ ќе мора да скрати дел од своите трошоци и нема да биде изненадување ако тоа го направи со кошаркарскиот клуб.

Ако Монако настрада, тоа може да предизвика потрес и во Евролигата имајќи предвид дека последните години овој клуб е редовен учесник во елитното натпреварување и лани дури стигна до завршниот турнир.