Постигнат договор: Поранешниот српски селектор се враќа во Евролигата

Поранешниот селектор на Србија, Игор Кокошков ќе биде новиот тренер на Ефес каде што ќе го наследи Лука Банки.

Банки потврди дека заминува по елиминацијата од плеј-офот во турската лига, а бројни извори објвија дека Кокошков ќе го преземе гигантот од Босфор, додека Банки ја прифатил понудата на Олимпија Милано каде што ќе биде помошник на Етор Месина.

Кокошков претходно преговараше и со Портланд кој правеа промени во својот стручен штаб, но на крајот до договор не дојде.

Кокошков во кариерата веќе самостојно предводеше тим во Евролигата и тоа во сезоната 2020/2021 кога седеше на клупата на Фенербахче.

Фото:FIBA