Петрушев ѝ донесе деветта победа на Звезда, „кралевите“ го демолираа Макаби!

Кошаркарите на Црвена звезда дојдоа до деветтата победа во 17. меч сезонава во Евролигата, откако иако беа драстично ослабени, сепак, ја добија драмата на гостувањето кај Валенсија (77-75).

Црвено-белите настапија без Вилдоза, Ивановиќ, Мартин како и нерегистрираниот Кампацо, но и покрај тоа доминираа во текот на целиот меч, а во финишот излегоа поснаодливи во пенал-завршницата. Херој на вечерта беше Филип Петрушев, кој мечот го заврши со 25 поени и девет скока. За одбележување е и демолирањето на Реал Мадрид врз Макаби Тел Авив (98-65), додека домашни победи остварија и Анадолу Ефес против Асвел (78-72) односно Олимпијакос против Армани џинс (82-66).

Ц. Звезда утре директно од Валенсија доаѓа во Скопје, каде што в недела ќе му гостува на МЗТ Скопје во меч од АБА-лигата.