Партизан со победа над Валенсија се одјави од Евролигата!

Партизан славеше пирова победа над Валенсија од 79-66, ова беше последниот меч за црно-белите во Евролигата оваа сезона.

Со вчерашниот пораз на Црвена звезда кај Ефес стана јасно дека денешниот меч меѓу Партизан и Валенсија нема никакво резултатско значење.

Партизан не успеа да се пласира во доигрувањето од Евролигата, настапот го завршува по регуларниот дел.

Тимот на Обрадовиќ денешниот меч го започна лошо, првата четвртина ја загуби со 21-15, но во продолжението покажа дека е поквалитетен тим од Валенсија и на крајот дојде до убедлива победа од 79-66.

Нанали со 19 поени беше најефикасен во составот на Партизан, Смит реализираше 15. Кај Валенсија, Оџелај даде 17 поени.

Во плеј-офот од Евролигата ќе играат Реал Мадрид, Панатенаикос, Монако, Барселона, Олимпијакос и Фенербахче. Преку плеј-ин таму ќе се обидат да стигнат Макаби, Виртус, Басконија и Ефес.