Партизан се коцкаше, ама не беше казнет од Монако

АБА шампионот Партизан ја оствари втората победа во низа откако вечерва по голема драма го совлада Монако со 89-85 по продолжение.

Особено интересен беше финишот од основниот дел во кој Партизан имаше предност прво од четири, потоа и од три поени разлика на десетина секунди пред крајот, но не ја сочува. Мајк Џејмс можеше да биде херој на францускиот првак затоа што прво погоди тројка за -1 (69-70), а потоа и за израмнување на секунда пред крајот.

Во случај домаќините да загубеа, сами ќе беа виновни бидејќи при водство од 72-69 не направија лична грешка, туку одлучија да се коцкаат и да го бранат нападот на Монако, па Џејмс го искористи тоа и од исклучително тешка позиција погоди тројка за продолжение.

Сепак, во дополнителните пет минути до израз дојде одличниот напад на Партизан, Пантер беше расположен за игра и „црно-белите“ ја остварија посакуваната победа. Пантер заврши како прв стрелец со 25 поени, Нанели додаде 23, а Доузер 16. Кај Монако, Мотиејунас постигна 23 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес - Панатинаикос 71-68
Алба - Жалгирис 64-62
Олимпијакос - Реал 71-77
Баерн - Монако 91-84
Партизан - Монако 89-85