
Партизан ја освои Болоња, Олимпијакос го доби дербито против Барселона
Во првата четвртина се водеше голема борба на паркетот, а подобар беше Партизан со 28-26, по што Виртус Болоња направи пресврт и на пауза замина со 47-45.
Партизан ја презема контролата и повторно се врати во водство, но Виртус не се предаваше и остана во игра до последната четвртина, кога српскиот гигант притисна и стигна до 88-79.
Барселона тргна моќно на гостувањето во Грција (20-11), по што Олимпијакос го сврте мечот во своја корист и замина на полувреме со 29-27.
Голема борба се водеше и во второто полувреме, а Олимпијакос направи исчекор кон победа на стартот на последните 10 минути.
На останатите натпревари Жалгирис славеше со 66-63 против Алба, додека Реал Мадрид загуби од Басконија со 81-85.