
Париз го освои Еврокупот, Шорц е прогласен за МВП и на финалето!
Париз вечерва го оствари својот најголем успех во кратката историја освојувајќи го второто по квалитет европско натпреварување откако во вториот меч од финалната серија го совлада Бруж со 89-81.
До титулата, Париз стигна со само еден пораз во текот на сезоната и тоа од Бешикташ во основниот дел од натпреварувањето.
За МВП на финалната серија беше прогласен Ти Џеј Шортс кој денешниот меч го заврши со 22 поена, 6 скока и 5 асистенции. Со тоа продолжи со доминацијата во натпреварувања во кои учествува, имајќи предвид дека претходно беше за најкорисен играч во основниот дел, а лани и за МВП на основниот дел и на плејофот во Лигата на шампионите.
Триумфот во Еврокупот на Париз и Ти Џеј Шортс им носи учество во Евролигата следната сезона.