Олимпијакос го надигра Милано, ЦСКА ја растури Барселона сред Каталонија

Кошаркарите на Олимпијакос го надиграа Милано во 11. коло од Евролигата со резултат 91-70, додека ЦСКА убедливо славеше против Барселона со 96-67.

Милано подобро го отвори мечот, но Олимпијакос ја презема иницијативата во втората четвртина, па без поголеми проблеми го решија мечот во нивна корист.

Најзаслужни за победата на грчката екипа беше Костас Папаниколау со 17 поени, а 14 постигна Василис Спанулис. Кај Милано најдобар беше Серхио Родригез со 14 поени.

Барселона ја доби првата четвртина против ЦСКА со 20-18, а потоа почна нивниот распад, откако рускиот тим до полувреме направи пресврт и на пауза замина со водство од 51-38, а на крајот славеа со 96-67.