Официјално: Евролигата и Еврокупот ја прекинаа сезоната!

Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу на состанокот предложи да бидат прекинати Евролигата и Европкупот поради тоа што нема доволно безбедни услови за доигрување на сезоната, по што неговиот предлог го прифатија и клубовите, па така сезоната во елитното натпреварување е официјално завршена.

Евролигата на нивната официјална веб-страна објави соопштение со кое потврди дека сезоната е поништена, а притоа напомена дека сите клубови, кошаркари и останати лица од организацијата се обидувале да пронајдат начин за рестарт на сезоната, која беше суспендирана на 12 март, но не успеаа во нивната намера.

Како главни причини поради кои се откажува сезоната се наведени здравјето и безбедноста на кошаркарите, навивачите и останатите лица во елитените натпреварувања, кои се ставени на прво место.

Исто така беше објавен и датумот на старт на новата сезона во натпреварувањата, а тоа е 1 октомври за Евролигата и 30 септември за Еврокупот.