Обрадовиќ ги загуби нервите: Е*ете се сите, сакате да ви повторам?! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Фенербахче претрпеа нов пораз, овој пат на гостувањето во Русија од ЦСКА Москва со 88-70.

За тоа колку беше очаен на моменти турскиот гигант, најдобро говоти тајмаутот на Жељко Обрадовиќ, кој имаше што да им каже на своите играчи. Иако Србинот е познат како човек со голем темперамент, сепак во вакво издание не сме го виделе.

Вие сте добри момци. Да, вие сте добри момци. Е*ете се сите. Дали сакате да го повторам ова милиони пати? Е*и се Луиџи Датоме! Во ред?, Засрамете се! И ти Махматоглу, урлаше Обрадовиќ.

Фенер е најскапиот тим во Европа, но по осум натпревари во Евролига има само две победи.