Неуспешна мисија и четврти отказ за Ивановиќ од Басконија

Љубовта меѓу Басконија и Душко Ивановиќ траеше само половина година откако баскискиот клуб денеска му додели отказ на трофејниот стручњак.

Прекинот на соработката е последица на ужасните резултати на Басконија оваа сезона имајќи предвид дека екипата не се пласира во плејофот од домашното првенство, првпат по над 40 години, додека во Евролигата беше елиминирана во првата рунда, од Реал со 3-0. Ивановиќ беше назначен за тренер на пред крајот на октомври, на местото на Жоан Пењароја, а само неколку недели откако доби отказ од Црвена Звезда.

За Иванови, ова беше четврти престој во Басконија во кариерата. Екипата ја водеше од 2000 до 2005, потоа од 2008 до 2012 и од 2019 до 2021 година.