Недовиќ ја замолкна Арената, Црвена звезда го победи Партизан (ВИДЕО)
Атмосферата во белградската „Штарк“ Арена беше фантастична, Партизан имаше неверојатна поддршка од својата публика, но на крајот таа разочарана ја напушти салата.
Натпреварот беше рамноправен, екипите имаа свои периоди и се менуваа во водство. Првата четвртина му припадна на Партизан кој играше фантастична одбрана, 20-11 беше по првите десет минути. Но работите се сменија во вториот период кога Обрадовиќ го смени тимот. Црвена звезда комплетно го сврте мечот и на одморот замина со водство од 40-33.
Во второто полувреме Партизан повторно заигра на високо ниво, го врати водството, а на две ипол минути до крајот имаше и шест поени предност 71-65. Но до крајот на мечот постигна само два поени, а Црвена звезда девет. Недовиќ на две секунди до крајот погоди тројка за победа од 73-76.
Најефикасен во составот на Црвена звезда беше токму Недовиќ кој постигна 20 поени, Вилдоза реализираше 14, двоцифрен беше и Петрушев со десет поени. Кај Партизан, Пантер постигна 15 поени, Мадар 14, Папапетру 13.
Ова беше четврти пораз по ред за Партизан во Евролигата, а Црвена звезда реди само победи откако Ивановиќ седна на нивната клупа.
Резултати Евролига:
Алба - Фенербахче 75:104
Панатенаикос - Милано 90:77
Макаби Тел Авив - Валенсија 84:68
Партизан - Црвена звезда 73:76