Навивачите на европскиот првак со овации го поздравија нашиот Наумоски (ВИДЕО)

Поранешниот македонски кошаркар Петар Наумоски синоќа беше во салата „Синан Ердем“ во Истанбул за да го гледа првиот полуфинален натпревар од турскиот плејоф помеѓу неговиот поранешен тим Анадолу Ефес и Галатасарај.

Навивачите на Ефес со овации го поздравија Македонецот, кој во својата кариера остави голем траг во историјата на клубот. Ефес минатиот викенд ја освои титулата во Евролигата, втор пат по ред. Дресот на Наумоски стои во салата „Синан Ердем“, како еден од најголемите легенди на овој славен турски тим.

За жал тој не му донесе среќа на Ефес, кој синоќа на свој паркет доживеа дебакл од Галатасарај со 70-105.