Галатасарај постигна десет тројки за една четвртина и го декласираше европскиот првак (ВИДЕО)

Кошаркарите на Галатасарај поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плејофот во турската лига откако вечерва го декласираа европскиот шампион Анадолу Ефес и тоа на гостински паркет со 105-70. 

Гостите го уништија фаворитот со неверојатна прецизност од линијата за три поени. Галатасарај од вкупно 18 тројки на цел натпревар, дури 10 постигна во третиот период.