Навивач на скутер го спасил легендарниот Саша Ѓорѓевиќ (ФОТО)
Србинот заглавил во големата сообраќајна гужва во Болоња, па бил во опасност да не стигне на време да го одржи својот мотивациски говор пред играчите да заминат на загревање. Но, како на филмовите, тој бил препознат од голем фан за Виртус, кој веднаш го седнал зад себе и на брзина го префрлил до салата каде што игра овој тим.
Ваквата авантура се покажа среќна за Ѓорѓевиќ и неговата екипа, која триумфира со 76-58 и поведе со 3-0 во финалната плејоф-серија, во која ѝ треба уште само еден триумф да дојде до титулата првак на Италија.