На Теодосиќ му падна мрак пред очи - ги бркаше судиите, сакаше да се тепа (ВИДЕО)

Освен катастрофата што ја доживеа Црвена Звезда од Анадолу Ефес, мечот во Истанбул го одбележа тешкиот инцидент што го предизвика ветеранот Милош Теодосиќ.

Кон крајот на третата четвртина, плејмејкерот на Звезда збесна прво поради надменото однесување на противничките кошаркари, а потоа поради техничките грешки што ги доби, па почна да ги брка судиите низ теренот.

 

 

Ситуацијата во еден момент стана комична бидејќи цела екипа на Црвена Звезда не можеше да го запре разјарениот Теодосиќ кој му се внесуваше в лице на еден од арбитрите, се расправаше со противничките кошаркари, па дури отиде и на записничката маса да се објаснува со официјалните лица. На крајот, поради две технички грешки, мораше да го напушти теренот, но и при заминувањето се расправаше со некого од трибините.