Милано загуби кај Басконија, Димитријевиќ се разигра во последниот период

Во шестото коло од Евролигата, Милано го загуби и петтиот натпревар откако со 88-83 беше поразен на гостувањето кај Басконија, македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ мечот го заврши со 15 поени.

Димитријевиќ го загуби стартното место во составот на Милано, денеска играше речиси 18 минути, а одличен беше во четвртата четвртина во која реализираше девет поени. Македонецот вкупно реализираше 15 поени и имаше две асистенции и два скока.

Најефикасен во составот на Милано беше Миротиќ со 21 поен, кај Басконија Форест реализриаше 22 поени. Неговата партија во последните десет минути беше клучна за победата.

Во овој термин се играше и мечот меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид, грчкиот тим победи со 79-69.