Македонски кошаркар е избран за МВП на сезоната во престижниот Еврокуп (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс, очекувано го доби признанието за најкорисен (МВП) кошаркар во Еврокупот, откако го предводеше својот Париз до скор 20-1 и пласман во големото финале против уште еден француски тим, Бурж.

Американецот со македонски пасош сезонава во второто по квалитет европско клупско натпреварување просечно постигнуваше по 17,3 поени, заедно со 7,6 асистенции и 3,1 скок.

Ова е второ големо интернационално признание за Шортс последните две сезони. Лани беше прогласен за МВП и на основниот дел и на плејофот од Лигата на шампионите, натпреварување во кое триумфираше како играч на Телеком Бон. Ако Париз го освои Еврокупот, идната сезона, првпат во својата историја, ќе учествува во Евролигата.