Лудило во белградската Арена - судиите едвај го напуштија теренот (ВИДЕО) 

Исклучително тензичен финиш имаше денешниот натпревар меѓу Црвена Звезда и Жалгирис во 26. коло од Евролигата.

Во центарот на вниманието беше судиската тројка која во последните минути донесе неколку контроверзни одлуки и тоа на штета на домашниот тим. Тоа ги изнервира навивачите на Црвена Звезда кои и пред последниот звук на сирената, на теренот фрлаа предмети при што прекинот траеше една минута додека официјалниот спикер ги молеше присутните да се смират. Кулминација на незадоволството се случи по завршувањето на мечот.

Во моментите кога судиите одеа кон соблекувалните, кон нив летаа предмети, еден навивач дури им се внесе в лице, па обезбедувањето мораше да реагира и да ги изнесе. Искинат беше и тунелот кој води кон соблекувалните.