Лесор удри по Звезда поради Партизан: Кармата е ку**а!

Поранешниот играч на Партизан, Матијас Лесор не ја пропушти можноста да удри по Црвена Звезда по синоќешниот дебакл на српскиот шампион во дуелот со Анадолу Ефес.

Францускиот центар кој оваа сезона е член на Панатинаикос смета дека Звезда му попуштила на Ефес иако е впечаток дека „црвено-белите“ толку можат во овој момент.

„Ова ср*ње е смешно, мамењето никогаш нема да ви користи, кармата е ку**а“, напиша Лесор на Твитер, како коментар на објавата на Кевин Пантер кој напиша: Многу очигледно.

Исходот од мечот меѓу Анадолу Ефес и Звезда го очекуваше Партизан кој од него зависеше дали ќе игра во плејинот од Евролигата.