
Легендарниот Гарбахоса е нов претседател на ФИФА Европа
Гарбахоса е екс-шпански репрезентативец кој има светска титула со „фуријата“ во 2006 година, сребро на ЛОИ 2008 во Пекинг, како и четири медали од Евробаскетот меѓу кои и злато во 2009 година.
Во кариерата беше дел од ТАУ Керамика, Бенетон, Уникаха, Химки и Реал Мадрид, а играше и во НБА како член на Торонто Репторс.
Гарбахоса го наследува Турчинот Тургај Демирел на кого му заврши мандатот, па Шпанецот ќе ја предводи европската кошарка во следните четири години.