Кога му требаше на Партизан, Црвена звезда доживеа - дебакл!

Црвена звезда доживеа тежок пораз на гостувањето кај Анадолу Ефес, црвено-белите загубија со 100-55, а тоа значи дека пропадна и последната шанса на Партизан да се пласира во плеј-ин.

Партизан чекаше услуга од Црвена звезда, но не ја дочека и со утрешниот меч против Валенсија ќе го заврши настапот во Евролигата.

Црвена звезда денеска на гостувањето кај Анадолу Ефес доживеа вистински дебакл, пораз од 45 поени разлика.

Српскиот тим се посрамоти на гостувањето во Турција, особено беше лош во првата и последната четвртина во кои постигна по само 11 поени.

Најдобар на теренот беше кошаркарот на Ефес, Брајнт кој реализираше 26 поени, во составот на Црвена звезда Гиедраитис, Митровиќ и Недовиќ дадоа по 11.

Ова беше последен меч за Црвена звезда во Евролигата, оваа сезона е разочарувачки за нив. Учинокот е 11 победи и 23 порази, доволно за 16. позиција на табелата.