Клајбурн го продолжи договорот со ЦСКА Москва

Иако навивачите на ЦСКА Москва стравуваа дека нивната екипа ќе остане без Вил Клајбурн, сепак тој ќе остане во Москва. Европскиот шампион потврди дека го продолжиле договорот со 29- годишниот кошаркар.

Американецот ќе остане во ЦСКА до крајот на сезоната 2020/2021. Клајбурн сезонава беше МВП на фајнал фаорот на Евролигата и беше еден од најзаслужните што Русите стигнаа до трофејот. Тој одигра 35 евролигашки натпревари на кој имаше учинок од 13.6 поени, 6.8 скокови, 1.5 асистенции и една украдена топка.