![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/06/19/229167-kevin-panter-prvo-zasiluvanje-za-barselona.jpg?itok=RKouhzG7)
Кевин Пантер - прво засилување за Барселона
Американецот е е прво засилување за каталонскиот клуб во пресрет на новата сезона, а потпиша договор на една година. Во тимот на Партизан помина три сезони и освои трофеј во АБА лигата, а претходно играше за Олимпија Милано, Црвена Звезда, Олимпијакос, Виртус, АЕК, Роса Радом, Антверп и Лаврио.
Со трансферот на Пантер, Барселона доби на искуство имајќи предвид дека американскиот интернационалец наскоро ќе наполни 32 години, а сето ова е овозможено откако пропаднаа преговорите со Марио Хезоња.