Итудис прогласен за најдобар тренер во Евролига

Предводникот на рускиот кошаркарски гигант ЦСКА од Москва, Димитрис Итудис, е добитник на наградата „Александар Гомељски“ која ја добива најдобриот тренер во Евролига.

Во гласањето учествуваа тренери од сите 16 екипи кои минатата година се натпреваруваа во најелитното европско кошаркарско натпреварување.

Како што е наведено на сајтот на Евролига, по Итудис, најмногу гласови имаше Ергин Атаман (Анадолу Ефес), додека третото место му припадна на Жељко Обрадовиќ (Фенетбахче).