Хувентуд го измачи Реал Мадрид, Димитријевиќ постигна 13 поени (ВИДЕО)

Реал Мадрид одигра пеколен натпревар против Хувентуд, кој успеа да го скрши во последната четвртина и да го совлада со 101-92 во шпанската АЦБ-лига.

Хувентуд играше одлично на паркетот, а првата четвртина ја доби со предност од шест поени (24-18), по што предноста на гостите се зголеми на +10 (34-24), но „кралевите“ до паузата намалија на само три поени (44-47).

Гостите го диктираа темпото на натпреварот и во третата четвртина, каде што во најголем дел од времето нивната предност изнесуваше девет поени (72-63), по што „кралевите“ конечно го скршија отпорот на Хувентуд во последната четвртина и го совладаа со 101-92.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 13 поени и три асистенции, додека најефикасен беше Пау Рибас со 20 поени.