Хрватски тренер полуде – кубеше и удираше сопствен кошаркар (ВИДЕО)

Хрватскиот тренер, Јасмин Репеша, направи голем скандал на синоќешната пресметка на неговиот Пезаро против Трст (84-74) и тоа револтиран од лошата игра на младиот и талентиран Хенри Дрел.

Кошаркарот кој важи за НБА-потенцијал беше заменет по очигледна грешка, по што доби критики со силно викање, но и кубење по коса и удирање по тело. Дрел не одговори на бесот на Хрватот.