
Гробари со брутална парола ги навредија Кукоч и Раѓа (ФОТО)
На натпреварот против Олимпијакос, гости на Партизан беа Тони Кукоч и Дино Раѓа, двајцата Хрвати тогаш беа поздравени од значаен дел од публиката.
Но, најжестоките навивачи на Партизан денеска го искажаа својот став со парола против Дино Раѓа, а некои српски медиуми пишуваат дека имало и навреди за Тони Кукоч.