Грчка трагедија во Каунас: Реал Мадрид пак се врати од мртвите и 11. пат е шампион на Европа!

Кошаркарите на Реал Мадрид беа зрели за елиминација уште во четвртфиналето од Евролигата, кога ги загубија првите две средби во пресметката со Партизан, но потоа следуваше серија од соништата и тоа со пет победи по ред, меѓу кои најважна беше вечерашната во Каунас против Олимпијакос (79-78).

Шпанците како и во серијата со белграѓани и овој пат се врати од мртвите, со оглед што грчкиот тим беше подобар во најголемиот дел од средбата и имаше плус шест на стотина секунди до крајот (78-72). Но, тогаш на сцена стапи искуството на „кралевите“, кои со седум поени во низа дојдоа до минимална победа за 11. триумф во најсилното клупско натпреварување.

Серхио Родригез со 15 поени и девет асистенции беше најдобар кај Реал Мадрид, вклучувајќи ја и тројката во последната минута со кога го приближи својот тим на 77-78, пред последниот кош на три секунди до крајот да го реализира Серхио Љуљ, човекот кој смислено направи инцидент во пресметката со Партизан, која го сврти резултатот во серијата по низата казни. Валтер Таварес со 13 поени и 10 скока, пак, беше веднаш зад популарниот Чачо, што беше една од причините за МВП-признанието на фајналфор-турнирот. Саша Везенков со 29 поени беше најдобар кај Олимпијакос.