Го бараа Фенербахче и Монако, заврши во - Дубаи

Новиот член на Евролигата, Дубаи обезбеди уште едно големо засилување за претстојната сезона откако се договори со досегашниот играч на Олимпијакос, Филип Петрушев.

Тој ќе биде четврти српски кошаркар во тимот од Обединетите Арапски Емирати, по Немања Дангубиќ, Алекса Аврамовиќ и Данило Анѓушиќ. Според информациите, Петрушев ќе потпише тригодишен договор, а Олимпијакос за него ќе добие отштета од над милион евра.

Српскиот центар имаше неколку опции на маса последните недели. Навивачите на Црвена Звезда очекуваа да се врати на позајмица или со перманентен договор, а последните два дена се спомнуваа уште Монако и Фенербахче. Дубаи изгледаше како најнереална варијанта, но на крајот таа се оствари, најверојатно поради менаџерот Мишко Ражнатовиќ кој има големо влијание врз овој клуб.