
Ѓорѓевиќ преку европскиот првак му донесе титула на Фенер, па доби – отказ!
Српскиот стратег го плати цехот на лошите резултати во Евролигата, каде што не стигна до посакуваната завршница, по што не го „извади“ ниту успехот во турското финале против Анадолу Ефес.
Ова е вторпат вакво нешто да му се случи на легендарниот кошаркар на Партизан, со оглед што и лани на речиси идентичен начин доби отказ од Виртус Болоња набрзо откако стана шампион на Италија.