Германски кошаркар доби отказ зашто бил на протест против Ковид-19!

Германскиот кошаркар Јошико Саибу доби отказ од неговиот тим затоа што во текот на викендот учествуваше на протест против мерките за спречување на Ковид-19, кој беше одржан во Берлин.

Тренерот на клубот Волфганг Видлих кажа дека 30-годишниот кошаркар го прекршил договорот за соработка, па поради тоа клубот со него го раскинал договорот.

Во соопштение на веб-страната на клубот пишува дека Саибу повеќе пати на социјалните мрежи го изразил својот став кон епидемијата и вирусот, односно ги прекршил мерките.

На протестот против мерките за Ковид-19 во Берлин учествуваа повеќе од 17.000 луѓе, а демонстрантите не носеа маски и не ги почитуваа правилата за физичка дистанца.